35 начини како да го носите класичниот елек без ракави

15 август 2022

Преминот од лето кон есен, особено кога постепено мигрираме од плажите назад кон канцелариите, бара освежување на гардеробата. За среќа, понекогаш и минималните додатоци можат да направат голема разлика.

Такво едноставно парче облека со голема моќ е класичниот елек без ракави кој го наоѓа своето неочекувано место и во најромантичните и најженствените комбинации.

Фото: Pinterest

Без разлика дали сакате да го постигнете беспрекорниот бизнис изглед комбинирајќи го вашиот омилен елек со класични панталони или пак ќе го искористите како шик додаток врз кошула, сатенски фустан или во опуштена комбинација со маичка со принт, кратки панталони или здолниште, оваа сезона тој дефинитивно ќе биде дел од вашата гардероба.

Едноставен, практичен, мултифункционален, класичниот елек без ракави ќе го најдете во безброј бои, должини и модели. А ние ви нудиме 35 предлози за различни начини на кои можете да го направите дел од вашиот секојдневен стил на облекување.

Фото: Pinterest

Објавено:
15 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.190 пати