Во подготовките за летниот одмор, на списокот на потребни работи се и торбите за плажа. При изборот пак на торба, внимавајте на функционалноста, а секако и естетиката. Многу е важна и големината. Поголемите торби за плажа се подобри. Дури и кога мислите дека не носите многу работи – имате многу работи. Доволни се само крпите за плажа и средствата за заштита од сонце и напитоците за освежувања.

Затоа е подобро да одберете торба од поцврст материјал, но добар избор се и платнените. Она што е исто така важно е и рачката да биде изработена од цврст материјал.

Кога е естеткиот момент во прашање, строги правила нема. Лето е, дозволено е сè!

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.927 пати