40 работи за модата за жените 40+

25 мај 2016

Во последното издание на Harper’s Bazaar, Камерон Дијаз изјави дека никогаш повеќе не би облекла тесен топ, без ракави. За разлика од неа, постојат жени во 40-тите што сè уште го носат и тоа многу често.

Не треба многу „потресување“ околу тоа што имате 40+, во најубавите години сте, само за да не претерате – да изгледате како да имате многу помалку или многу повеќе, добро е да се послужите со неколку модни трикови и совети.

Затоа, во продолжение следат 40 работи (во неколку групи) за модата што жените во 40+ треба да ги знаат:

Зголемете го квалитетот на:

1.Обувките – Ако сте во 40-тите, не мора да значи дека мора да носите исклучиво обувки со ниска потпетица или најудобните патики. Секогаш можете да одберете некоја забавна и тренди обувка, што ќе изгледа одлично на вашите нозе. Важно е, ако досега не сте го правеле тоа, да инвестирате во квалитетни обувки. Всушност, ова важи за било која животна декада.

2.Косата – Регенераторот нека ви е на прво место во негата за коса. И што да одлучите да правите со косата, не претерувајте. Она што би било добро да избегнувате е боб фризура, бидејќи лесно можете да си додадете 10-тина години.

3.Шминка – но без основа. Не претерувајте со премногу шминка. Жените особено го прават тоа кога ќе си ги заборават очилата за сонце, па мислат дека треба да стават тешка шминка околу очите за да ги покријат сите недостатоци. Грешка. Така нема да спречите борите да не се гледаат, напротив. Наместо тоа, инвестирајте во нега на лицето.

4.Очила за сонце – Избегнувајте ги оние со стакла во боја, како во стилот на Боно или Били Ајдол, без оглед на тоа што можеби се враќаат на модната сцена.

5.Насмевката – Ако мислите дека со тоа што ќе бидете намуртени и нема да се смеете за да не ви се направат брчки (нешто во стилот на Викторија Бекам), веднаш откажете се. Брчки секако ќе имате, па подобро да се од смеење отколку од муртење.


Време е да внимавате на...

6.Колената - Сè ќе биде во ваши раце, но колената можно е први да ве разочараат. Првите знаци на „староста“ се забележуваат по вратот, рацете и колената... Погледнете ја Кејт Мос...

7. Црната боја – Досадно е мислењето дека црната треба да ја баталите. Да, не значи дека комплетно треба да се завиткате во црна боја, бидејќи сте во 40-тите, а црната е „магична боја“. Но, сепак, комбинација што вклучува црна, може многу да ви помогне. Во комбинација со црвен кармин и впечатливи обетки, ќе бидете дама што секаде ќе ја забележат.

8. Бојата за коса – Ако не ги сакате сивите тонови, што сега се тренд, вториот најдобар избор е безбедната, руса коса и тоа бело-руса.

9.Градникот – Заборавете на носење облека без градник. Кај ретки тоа функционира и во петата декада од животот. Наместо тоа, инвестирајте во градник што ќе ви даде совршена форма.

10. Забите – Нема потреба за дополнително објаснување. Пожолтени заби не се ок за ниту еден период од животот.


Младешки работи од кои не мора да се откажете

11. Носење бикини под облеката во лето – можеби звучи чудно, но од една страна сè чувствувате слободно, а од друга страна, сепак како да носите градник. Ова секако не важи за работното место.

12. Еспадрили и апостолки – Слично како претходната точка, со тоа што би потсетиле и на педикирот. Во спротивно, заборавете на оваа комбинација на обувки.

13. Џинс – Никогаш не сте премногу стари за фармерки и парчиња од џинс, секако ако добро изгледате во нив. Истото важи и за кожените панталони (под услов да имате супер нозе и линија).

14.Ракави со набори – одлично изгледаат на раце што немаат изразени мускули. Нека бидат и пошироки, само не и премногу набрани и куси. Должината до лакт е една од најидеалните.

15. Парчиња што се врзуваат околу врат

16. Кломпи – ги носевте веројатно во 1976-тата, носете ги повторно!


Кажете НЕ на „слатките“ и „девојчешки“ парчиња...

17. Плетенките

18. Панделки – панделки во коса, на обувки, на маици, фустани....

19. Принтови со кукли – и бабанани и јагоди и кучиња...

20. Обувки со ременчиња, како оние на Алиса од земјата на чудата.

21. Волуменозни здолништа

22. Бела боја

23. Околувратници со карнери

 


На децата оставете им ги..

24.Претесните фармерки – и искинати, со украси или апликации

25.Макси облека – макси парчињата се како лотарија. Некогаш одлично можат да функционираат во комбинацијата, но некогаш се премногу рустични или традиционални, или старомодни и можат да додадат и до 10 години. Никогаш не одбирајте премногу долги ракави или долги прачиња од џинс.

26. Премногу украсени парчиња, особено со етно мотиви – вакви парчиња се хит во уличните брендови. И Пандора Делевињ ги носи, но подобро изгледаат на нејзината ќерка Попи.

27. Украс на грбот – се мисли на апликации на парчињата на грбот, како на пример броеви, натписи и слично.

28.Шорцеви од џинс – Џинс да, секогаш. Но, не премногу тесен и премногу кус, како што го носат веројатно вашите ќерки тинејџерки.


Мали трикови

29. Димензионирани марами – секогаш изгледаат добро и впечатливо.

30. Сребрени чевли – или златни. Ќе внесете забава во стајлингот

31. ¾ и 7/8 – покажувањето на зглобовите отсекогаш било секси и посакувано.

32. Маслинесто зелена – кожената црна јакна заменете ја со маслинесто зелена.

 

Дозирајте го носењето на...

33. Црниот мал фустан - Внесете малку и боја. Темносините нијанси, бордо, зелени се исто така одличен избор

34. Шапките – Колку и да се тренди, не ги носете секогаш и премногу. Не се правете стари и модерни со сила...

35. Шифон – Понекогаш е ок, но во мали дози.

36. Леопард принт – Ако веќе сакате да носите животински принт, тогаш копирајте  ја Карин Ројтфелд. Таа носи парчиња со змијски принт. И тоа дозирано.

37. Високи потпетици – Сè е добро додека нозете ви се во добра форма. Кога ќе ги забележите првите знаци на спротивното, намалете ја потпетицата за некој сантиметар.

38. Должина на здолниште – или фустан. Истото важи. Па дури и да имате супер нозе, не значи дека постојано треба да носите (ултра) куси фустанчиња. Добрата форма на телото се гледа и преку други кроеви и модни решенија (на пример, тесен или широк фустан до глужд).

39. Диети – 40-ката не значи постојано да сте на диета. Си правите контра услуга. Внимавајте на исхраната, но не гладувајте.

На крај...

40. Колку и совети да има, сепак сè е индивидуално. Ова можеби за некого функционира, но за некого не. Секој себеси се познава најдобро. А ако имате модни недоумици, тогаш советувајте се со моден стручњак. Разликата веднаш ќе се забележи.

Објавено:
25 мај 2016
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.562 пати
Тагови: 
мода 40 жени совети