5 модни трендови oд кои се презаситивме

13 декември 2013

Не значи дека повеќе не ни се допаѓаат, туку дека едноставно од овие модни трендови се презаситивме минатата година.

Истите можевме да ги видиме буквално насекаде околу нас, кај девојките на улица, кај светските трендсетерки, модните блогерки па дури и кај холивудските ѕвезди.

Она што мора да признаеме дека сите го правевме веднаш откако ќе видевме некое парче што ни се допаѓа, е експресното пребарување на Гугл за тоа кој е дизајнерот на парчето и каде истото може да го набавиме.

Ние дефинитивно сме подготвени за нови трендови во новата година, но тоа не може да го направиме додека не се ослободиме од старите. Доколку сепак не видите во некое тренди парче, бидете сигурни дека не сме можеле да го одвоиме од себе.

 1. Јакни носени како наметка

Дефинитивно, наметките се многу кул парчиња што девојките обожаваат да ги носат. Но, доколку сакате наметка, набавете си една. Оставете јакната да ви служи единствено како јакна!

2. Зимски капи

Капите се дефинитивно омилениот зимски моден додаток на многу девојки. Истите во 2013 година станаа ултра популарни и тоа за време на модната недела во февруари. Тие треба да останат само зимски аксесоар и ништо повеќе. Светските трендсетерки обожаваа да ги носат и во текот на летните месеци, што апсолутно беше непотребно.

3. Маички и блузони со натписи

Иако мора да признаеме дека овие парчиња ни се во срцата и можеби некогаш повторно ќе ги облечеме, истите мора да ги снема од вашите плакари следната година. Бидејќи можевме да ги видиме насекаде околу нас, на буквално секоја девојка, навистина се презаситивме од истите и токму на тој начин се уништи она „фраерското“ во нив!

4. Очила за сонце со ефект на огледало

Девојките полудеа по ваквите очила за сонце во 2010 година кога Сара Џесика Паркер ги носеше истите во Сексот и градот. Минатата година тие повторно се вратија на сцената, па дури и Реј Бан направи своја верзија од истите. Не велиме дека не ни се допаѓаат, но следнава година би сакале да го притиснеме копчето за пауза кога станува збор за нив, што велите?

5. Кратки блузички

Кратките блузички во комбинација со здолништа или панталони со висок струк дефинитивно ни се допаѓаат. Но, оние во комбинација со панталони со низок струк кога папокот му е на дланка на светот, воопшто не ги сакаме. Секако, целава работа зависи од вкусот, но сепак доколку не прашувате нас, следната година заборавете на таквите комбинации.

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Тренд