Уште од 2012 година, шведскиот гигант H&M се задолжи да креира еколошка линија во својот редовен програм, со цел да ја поттикне и покрене еколошката свест на јавноста и на модната индустрија.
Колекцијата за сезоната пролет-лето 2020 е 11-та по ред одржлива колекција на брендот, изработена од еколошки, природни, рециклирани материјали.
Нејзиниот концепт е инспириран од златното доба на патувањето со воз или поконкретно, темата по која се води е најлуксузната тура со легендарниот „Син воз" која ја опфаќа дестинацијата помеѓу Преторија и Кејптаун во Јужна Африка.
Ретро финесите испреплетени со романтичната есенција на колекцијата, го градат нејзиниот летен и опуштен дух.
9-те фустани што ги издвоивме во продолжене, се обединети под предзнакот на женствената ноншалантност.
Фото: H&М