Кога се двоумите помеѓу панталони и здолниште, зошто да не одберете варијанта што ги спојува и двете парчиња, здолниште-панталони?
Ефективно парче со кое ја потенцираме женственоста, а истовремено е во прилог на нашата самодоверба.
Облека со симболика, а и допадлива естетика.
Лесно компатибилна во деловен, елегантен или пак урбан изглед, а и одговара на различна телесна градба.
За дизајнерите е предизвик, затоа што преку ова парче може да ги истражуваат своите креативни можности, па да играат и експериментираат со кроевите, спојот на материјали, текстури и дезени...
Актуелните тенденции ги вклучуваат моделите со висок струк како хит, но не се исклучени и разни други опции како оние на преклоп, со плисе или пак во варијанта на комбинезон, со макси или миди должина...
Како Вие обожувате да ги носите?
Фото: Пинтерест