Актуелни здолништа за крупни жени
•
30 мај 2014
Топлите месеци допрва ни следуваат, па токму затоа жените се повеќе се осврнуваат на здолништата и фустаните. Ако имате некој килограм повеќе, а се прашувате каков модел на здолниште да одберете и да се чувствувате удобно, светските трендови советуваат тоа да бидат здолништа во глок.
Лесни се за носење, а и ги сокриваат сите недостатоци и му даваат на телото одлична форма. Исто така, се практични за комбинирање. Со тоа си отворате можности за повеќе комбинации во зависност од тоа за која пригода се подготвувате.
Во продолжение погледнете дел од предлозите за тоа со какво здолниште да ја збогатите вашата облека.