Анин Бинг владее со деловниот стил – 15 одлични комбинации инспирирани од нејзиниот есенски плакар

7 октомври 2020

Секогаш кога ќе го посетиме Инстаграм профилот на деловната, а истовремено и исклучително стилска дама Анин Бинг, остануваме воодушевени.

Неколку години наназад таа го профилираше својот моден бренд за сега веќе да биде рамо до рамо со етаблираните модни етикети, а самата е и најдобриот промотор на парчињата што освојуваат со својата ненаметлива, а отмена естетика.

Ако преферирате минимализам, ќе ве воодушеви нејзиниот есенски деловен плакар.

Приоритетот секогаш е на функционалниот и практичен изглед, што лесно се трансформира, а притоа секое парче е изработено од квалитетни материјали што секако има голем удел во неговата вредност.
Есенцијата ја сочинуваат класичните парчиња како незибежните бели кошули, дводелните одела, елегантните фустани и панталони, но така склопени и стилизирани, секогаш да се издвојуваат од стандардот.

 

Ги издвоивме нашите 15 омилени комбинации од нејзиниот есенски плакар.

Објавено:
7 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.951 пати
Тагови: 
Анин Бинг