Атрактивен избор пролетни мантили и блејзери

2 април 2020

Вообичаено пролетната сезона оди „рака под рака" со елегантни, лесни мантили и пролетни блејзери.

Иако овој април не е вообичаен, сепак не го исклучуваме задоволството да ја прелистаме фото галеријата со совршен избор на атрактивни модели на мантили и блејзери наменети за комплетирање на секоја урбана, пролетна комбинација.

Шаренилото во изборот се однесува и на кроевите и на дезените и на комбинациите на бои.

Ако преферирате предимензионирани и опуштени кроеви, тенденциите се на ваша страна.

Но, безвременските, елегантни и дамски модели, се секако присутни, па ако таквите се по ваша мерка, тогаш ѕирнете во нашиот предлог избор и посочете ни го вашиот омилен модел.

Фото: Pinterest

 

 

Објавено:
2 април 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.059 пати