Азурно сина е совршената боја за летната улична мода

10 август 2020

Интересно е како колоритот влијае на човечката психологија и расположение. Соодветен избор на боја, независно дали се работи за мода или уредување на домот, може да има голем удел во општата благосостојба.

А лето е сезона кога светлите и живи бои го доловуваат неговиот вистински дух. Азурната сина, ја симболизира и морската и небесната ширина, па како нијанса совршено прилега на летната улична мода, а со тоа честопати е избор за нашите летни, колоритни комбинации.

Одлично се вклопува во комбинација со други интензивни бои, со што се добива вибрантен и силен визуелен ефект.

За инспирација како да ја имплементирате во вашиот стил, одбравме неколку интересни изданија од летната улична мода.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
10 август 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
650 пати
Тагови: 
улична мода