Кога сме на темата трендови, бајкерскиот годинава чука на голема врата. Безвременската кожна јакна ќе го зазеде централното место заедно со останатите парчиња по кои што овој стил е препознатлив, како што се кожните пантолони.
Со малку креативност овој тренд може да се инкорпорира во секојдневниот стајлинг, но и да го зачини вашиот вечерен изглед, ставајќи акцент на женската силуета.
Црната јакна добива и малку боја, додавајќи една посебност на целокупниот изглед. Ова може да се забележи и кај познатите почнувајќи од Ријана и Дуа Липа, па сè до Хејли Бибер.
Инвестицијата во добра кожна јакна е секогаш исплатлива. Тоа е уникатно модно парче што самото се регенерира од сезона во сезона.
А за оние кои едвај чекаат да го испробаат имиџот на кул бајкерка, еве неколку предлози во продолжение.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Pinterest, Instagram