Благодарение на девојките како Ана Дело Русо и бројните блогерки, португалскиот бренд Alameda Tirquesa за многу кратко време стана познат ширум светот.
Брендот настанал сосема случајно кога главната дизајнерка Каролин направила алки со пом – пом топчиња за нејзините две ќерки, а по само неколку дена истите доживеале огромен успех на социјалните мрежи.
Со помош на нејзината ќерка Ана, Каролин одлучила да почне да дизајнира и облека и чевли. Препознатливиот мотив за нивните колекции се шарените пом – пом топчиња што ги употребуваат речиси кај сите парчиња, а истите сезонава се вистински хит кај сите модни куќи.
Ана и Каролин станаа најпрепознатливи по нивните балетанки токму со овие колоритни украси меѓу кои и реси, кожни детали и секако пом – пом.
Сите обувки се произведени во Португалија, од каде тие доаѓаат, изработени се рачно, а за украсување на еден чифт потребни им се четири часа.
Најголемата обожавателка на брендот е италијанската трендсетерка Ана Дело Русо која за време на модната недела во Париз одбра прекрасно шарено ланче од португалскиот бренд кој воедно изработува и накит.