Неколку клучни елегантни парчиња, ја чинат базата на есенската мода.
Се работи за основни парчиња во гардероберот, што лесно може да се комбинираат, како и да се вклопат во различната стилска естетика на модерните дами.
Така, покрај нивниот исклучително софистициран изглед, тие имаат пред се функционална улога – практично во различна ситуација да најдат соодветна примена во вашиот аутфит.
Нивниот универзален карактер дозволува да бидат соодветно имплементирани и во елегантен, деловен, како и во кежуал, релаксиран изглед – се разбира во зависност од тоа како се комбинирани со остатокот од парчињата од вашиот гардеробер.
Ги издвојуваме најпопуларните, основни стилски парчиња за есента што ни претстои:
Мантил или блејзер со кариран дезен
Здолниште со леопард принт
Миди фустани
Дводелен костум
Плетена чанта