Базични тренди парчиња за оваа есен

26 август 2016

Колку и да експериментираме со стилот и трендовите, секогаш постојат неколку базични парчиња што претставуваат заеднички пресек на секој женски гардеробер.

Оваа есен останува минималистичката естетика на основните парчиња облека, што понатаму во зависност од индивидуалниот стил се комплетираат во автентични аутфити каде клучно место имаат модните додатоци, изборот на материјали и бои и нивното меѓусебно комбинирање.

Тоа што белата обична маичка, црното сако, џинсот, белата кошула или класичните панталони се „must have", секако дека не е случајно, а основната причина е тоа што ова се универзални парчиња соодветни за сечиј стил и лесно компатибилни во различни варијанти на комбинации.

Ова се основните тренди парчиња за есенва.

Сив капут

Џинс шорц

Тренч мантил

Бела кошула

Кожена црна јакна

Бела маичка

Предимензионирана тексас јакна

Џинс во темна нијанса

Црно сако

Еднобојна лежерна маичка

Објавено:
26 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.609 пати