Бела кошула + миди здолниште – спој за секоја прилика

16 септември 2019

Голема е веројатноста дека и двете парчиња веќе ги имате во вашиот плакар, затоа што се класика, безвременски и незаменливи: бела кошула и миди здолниште.

А кога ќе се спојат добивате комбинација што може да ја носите во секоја прилика, од формален настан до опуштен амбиент во друштво со пријателите.

Затоа овој спој секогаш се препорачува да го имате на ум кога немате друга идеја што да облечете, а сакате да ја истакнете вашата женственост, грациозност и елеганција.

Секогаш постојат инвентивни начини како да ги комбинирате со остатокот од гардероберот: отворени сандали, чизми, патики, клач чанти или торба за преку рамо, со марама околу врат или со суптилен накит – и сето тоа во зависност од приликата за која се подготвувате.

Ве инспирираме со неколку одлично комбинирани аутфити.

Фото: Пинтерест

Објавено:
16 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.720 пати