Бела маичка во 30 супер комбинации

20 април 2019

Есенцијална и функционална на повеќе нивоа, белата маичка е парче кое спојува различни стилови, базично во сечиј гардеробер.

Во минималистички изданија е основата која се надоградува со уште едно паче облека и евентуално некој моден додаток, во деловниот изглед секогаш може да ја имаме во предвид во комбинација со сако, блејзер, панталони или здолниште, а за преку викенд има мал милион варијанти како да ја „искористите" во различни изданија (со џинс, мини здолништа, фустани на прерамки...).

Затоа, никогаш доста од идеи како на единствената бела маичка да ѝ дадете нов лик во новата сезона.

Во продолжение ви даваме 30 различни одговори на прашањето како да ја имплементирате во вашиот пролетно-летен изглед.

 

Објавено:
20 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.497 пати