Бели фармерки во зимски комбинации
•
17 јануари 2022
Белите фармерки се модна класика. Порано, беа резервирани за летниот период, но со оглед на тоа дека модни правила одамна не постојат, сè почесто ги гледаме и во зимската улична мода.
Одлично се комбинираат со беж, црни и сиви парчиња, но ништо помалку не изгледаат атрактивно со џемпери во поинтензивни бои или капути со принт.
Можат да изгледаат и мошне елегатно, во зависност од остатокот од комбинацијата, а се' почест избор се при спортски комбинции или кога надвор е снежно.
Ако сте фан на бели фармерки, тогаш погледнете ги и предлозите во продолжение, веруваме ќе ве инспирираат: