Бели летни фустани за преку целиот ден

14 јули 2020

Чистина, едноставност и елеганција како основа што може да ја надградувате согласно вашиот стил, тоа е една од предностите на белиот летен фустан што обожуваме да го носиме преку целиот ден.

Овој период од годината, ова модно парче ужива голема популарност, затоа што неговата функција лесно може да ја пренамените од лежерни прошетки покрај плажа до вечерни излегувања.

Актуелните летни колекции и на светски познатите дизајнерски имиња и на „high street" етикетите, вклучуваат богат избор на бели летни фустани, имајќи го предвид фактот дека секоја летна сезона ова е едно од најпродаваните парчиња.

Какви модели се на располагање и како да ги комбинирате, погледнете во фото галерија од секогаш инспиративната улична мода.

Фото: Пинтерест

Објавено:
14 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.152 пати