Бели панталони во 20 ултра шик аутфити

26 октомври 2020

Со доза на елеганција и префинетост, белите панталони оваа есен се модното парче со кое ќе го освежите вашиот имиџ.

Во каква и комбинација да ги вметнете, носат некоја посебна софистицирана нота, па нема да погрешите доколку имате во план да инвестирате токму во пар бели панталони.

Уште една придобивка е тоа што лесно се адаптираат во сечиј стил за различни пригоди, па најзначајниот момент е да го одберете моделот што одговара на вашата силуета.

Оваа сезона како најпопуларни модели се издвојувојуваат панталоните со висок струк како и оние во широк крој, што совршено се надополниваат со блејзери, сакоа, мантили, кошули и плетенини.

Ако ви е потребна дополнителна мотивација, ѕирнете ги 20-те предлози од уличната мода во продолжение.

Објавено:
26 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.062 пати