Бескрајниот потенцијал на фустанот на пруги

4 јули 2022

Невозможно е да се одолее на долгиот лежерен фустан на пруги и целата удобност што тој ја нуди. Неговата едноставност и можност за разновидно стилизирање, го прави ова модно парче омилено за секојдневни комбинации во летните периоди.

Фустанот на пруги е повеќе од само удобен фустан. Пругите имаат моќ да го разиграат и наједноставниот модел и да му дадат нова димензија на целиот изглед, а со својата лежерност и едноставност, зависно од модните додатоци со кои ќе го искомбинирате, овој фустан може да се трансформира во совршен изглед за разни пригоди во сите периоди од денот.

Вашите омилени ниски сандали, балетанки и патики, заедно со сламен шешир или федора ќе го претворат овој фустан на пруги во совршен избор за врели летни денови покрај плажа или дневна дружба со пријателите, додека пак пар високи потпетици, елегантни сандали и шик чанта, ќе го трансформираат фустанот во неодилива вечерна тоалета за коктел забава

Ова се неколку прeдлози како да го искористите бескрајниот потенцијал на вашиот омилен фустан на пруги ова лето.

Фото: Pinterest 

 

 

Објавено:
4 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
986 пати