Без ризик- водоотпорна мода

25 ноември 2014

Денеска имаме прилика да уживаме во сончевите зраци, но подготвени треба да ги очекуваме врнежливите денови од кои треба преку најпрактичните парчиња да се заштитиме од прокиснување. При изборот на можни модни комбинации за врнежливите денови, треба да направите мала селекција на облека што би соодветствувала како со временските прилики, така и со вашето стилско профилирање.

Кога станува збор за горниот дел од комбинацијата, одберете  кошула, предимензионирана блуза или маичка со интересен принт или дезен  што ќе внесе свеж моден зрак каде и да се појавите.

Иако на многумина им се чини дека борбата со дождот е најдобра ако сте дома, но постојат одереден парчиња на облека и обувки што ќе ви олеснат во ваквите денови.

Панталоните од имитација на кожа освен што се актуелни, исто така се и практични за врнежлив ден, затоа без двоумење облечете ги нив.

Можеби не ни се омилени на сите, но гумените чизми се најпрактични, а доколу не ви се допаѓаат едноставните еднобојни модели, одлучете се за дезенирани.

Балонерот всушност е најважното парче што ќе придонесе да изгледате стилски и шик. Изборот на вакви модели е широк, а селектирајќи токму вакви парчиња се потсетивме на транспарентните дождовници од колекција на нашата дизајнерка Александра Митковска од минатата година, кои навистина изгледаат уникатно и неодоливо.

И за крај, задолжително купете си некој интересен чадор што ќе ви се совпаѓа со повеќе парчиња облека од вашиот гардеробер.

 

Објавено:
25 ноември 2014
Категорија: 
Тренд