Безвременското парче кое ви е потребно ова лето!

17 мај 2021

Гардероберот на секоја жена треба да има неколку есенцијални парчиња за кои сме зборувале досега многупати. Малиот црн фустан, добра бела кошула, тренч мантил, црни салонки. Но, постојат и онакви парчиња кои се враќаат од сезона во сезона, а едно од нив е и тексас здолништето. 

 
Станува збор за брзвременско парче кое фантастично се прилагодува на сечија естетика. Тексас здолништето можеби асоцира на мини здолниште, па веднаш ќе си речете дека тие не се наменети за секого (а причини за тоа има безброј, кратки нозе, вишок килограми, години). 
Тексас здолништето е многу повеќе од само мини здолниште. Молив здолништата во тексас варијанта се одлична опција за секое возрасно доба, а ако имате поуникатен стил, може да посегнете и по макси здолниште од џинс. 
 
 
Комбинирајте го со маици со краток ракав и патики за посекојдневен и спортски изглед. На работа, носете го со кошула или блуза, а можете да посегнете и по високи потпетици. 
Ако се одллучите за мини здолниште, не комбинирајте го со кроп топ, за да го избегнете моментот на вулгарност. 
Можете да го комбинирате со која било боја, а во продолжение неколку идеи како да го носите...
 
Објавено:
17 мај 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.666 пати