Би носеле ли различни обувки?

30 мај 2017

Некој што носи различни чевли претходно беше етикетиран по различни основи. Денес пак, ова е еден од модните трендови што сè повеќе се пробиваат.

За тоа е заслужна пред сè модната куќа „Селин“. Комбинациите од нивната последна пролетна колекција вклучуваат токму обувки во различна боја.

фото: Celine.com

Иако на прв поглед ова изгледа како мошне храбар чекор, сепак трендот сè повеќе се наметнува меѓу љубителите на модата.

Освен „Селин“, различни обувки можат да се сретнат и во колекциите на „Москино“ (есен2017), „Миу Миу“, „Калвин Клајн“ (есен 2017)...

Москино фото извор: Popsugar.com

Селин фото извор: Popsugar.com

Селин, фото извор: Popsugar.com

За популаризацијата на овој тренд придонесе и блогерката Ами Сонг, која има преку 4.6 милиони следбеници на Инстаграм.

фото извор: Инстаграм

Модните уредници советуваат дека носењето различни обувки не е никаков проблем (без разлика дали се работи за различна боја или принт), сè додека тонот е ист.

фото извор:thefashiontag.com

Во продолжение ќе погледнете и како оваа модна тенденција се инфилтрираше во уличната мода. Инаку, ниту познатите личности не одолеаја на овој тренд, па Амал Клуни, Наоми Харис, Џејден Смит...

Би носеле ви вие различни обувки?

фото извор: Popsugar.com

фото извор: e-online.com

фото извор:thefashiontag.com

фото извор:thefashiontag.com

Џејден Смит, фото извор: Daily Mail

Мирослава Дума, фото извор: Pinterest

Амал Клуни, фото извор: Pinterest

 

извор: Popsugar, the fashion spot

Објавено:
30 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.607 пати