Би носеле ли тренерки со блејзер или сако?

10 октомври 2020

Либералниот дух на модата значи и секогаш слободен простор за експериментирање. Некогаш експериментот е успешен, па преминува во комерцијална тенденција, некогаш не.

Но, во модна смисла никогаш не вели никогаш.

Во многу наврати и примери до сега, сме посведочиле како некои „бизарни" модни миксови се наметнале како тренд што порано или подоцна глобално е прифатен.

Влечки и чорапи или сандали и чорапи? За некои незамисливо, но за други храбар стилски подвиг.
Во низата такви, оваа есен забележуваме уште еден дискутабилен спој, па затоа ве прашуваме: Би носеле ли тренерки со сако или блејзер?

Во актуелната улична мода сè почесто го забележуваме овој аутфит, па би кажале дека како и во секој пример и успешото изведување на оваа комбинација зависи од индивидуалниот пристап.
Во одредени случаи навистина изгледа урбано и кул, во други пак како тотална модна утка.

Доживувањето на оваа комбинација зависи од тоа колку ѝ прилега на личноста и колку е соодветна на нејзиниот личен имиџ. Доколку само „вештачки" сакате да присвоите некој тренд само затоа што е тренд, тогаш најдобро е да не се ни обидувате и да држите до тоа што е ваша лична стилска карактеристика.

 

Објавено:
10 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.081 пати