Бидете храбри и одберете жолта ова лето!

6 јули 2016

Жолтата боја е една од оние кои девојките ги одбираат многу ретко, најчесто поради нејзиниот интензитет и особен впечаток што таа го остава.

Секоја од нас има барем по едно жолто парче дома, но многупати се предомислуваме во врска со истото, со оглед на тоа што станува збор за навистина специфична боја.

Она што треба да го имате на ум кога ќе решите да носите жолта боја е тоа што истата треба многу добро да се комбинира.

Летово, не заборавајте ги жолтите парчиња од вашиот плакар и комбинирајте ги без проблем  бидејќи истите се едни од најпосакуваните.

Голем број дами низ улиците на светските метрополи ја комбинираат со неодоливи сини модни додатоци како чанти и чевли, а без никаков проблем ја носат и со nude парчиња и со такви во јаки бои со што создаваат совршен колор – блок.

Воопшто не двоумете се и бидете доволно храбри да носите и фустан во интензивна жолта боја, комбинезон во малку посмирена нијанса и секако, здолниште комбинирано со едноставна бела маичка.

Најубавите жолти комбинации на дамите ширум светот, ги гледате во галеријата.

Објавено:
6 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.090 пати