Бидете заводливи во мрежа

25 мај 2013

Влијанието на спортот, но и панкот и гранџот, после долго време ги донесоа мрежестите материјали во тренд. Но, како што најчесто се случува, и овој материјал го помина својот еволуциски пат и оваа година доби голем број свои интерпретации. Гучи со мрежата на свилените долги фустани со нагласени ракави им  даде секси нота. Селин пак, со мрежа го освежи класичниот мал црн фустан и го збогати длабокиот V израз, додека Стела Макартни ја искористи мрежата како одлична надоградба на мал бел фустан. Но, освен романтичен, мрежата на одредени парчиња им даде и откачен рок изглед, посебно кога се во прашање додатоците на Меквин и ревиите на сега веќе препознатливите гранџ дизајнери, како на пример Тес Гиберсон.

Мрежата можете да ја носите на рок концерти, во прошетка на градот или на забави, искомбинирана со интересни здолништа или топови под неа.

 

Објавено:
25 мај 2013
Категорија: 
Тренд