Бизнис колекција: една кошула, различни изгледи!

18 ноември 2014

Од овој ноември, бидете Елена Лука бизнис девојка, доследна на својот индивидуален имиџ!

Бизнис колекцијата што ја потпишува модниот бренд Елена Лука е успешен баланс на женствената елеганција и деловната моќ. Едноставни и чисти линии, минималистички крој, одличен избор на материјали - и го имате вистинскиот избор за успех во деловното функционирање.

Fashionel.mk ве инспирира со беспрекорните  комбинации  од Бизнис колекцијата, во кои веруваме ќе поминете многу успешни денови.

Денешниот предлог е класичната и безвременска црна кошула во совршена нова игра на форми,  што брендот ја создаде за уникатни и храбри девојки кои сакаат да се издвојат од мнозинството. Истата е изработена од висококвалитетен жоржет, кој ќе ви овозможи удобни и безгрижни моменти во текот на целиот работен ден.

Она што особено остава впечаток кај оваа кошула е врзувањето во пределот на вратот,  што може да се трансформира во зависност од самиот аутфит.

Оваа елегантна и софистицирана црна кошула, може да ја комбинирате со предлог панталоните од фотографијата, со класичен крој и специфичен ремен на појасот, изработени од висококвалитетен штоф.

Панталони 2.800 ден. Кошула 2.200 ден. Палто 6.200 ден. Панталони 2.800 ден.
Кошула 2.200 ден.
Палто 6.200 ден.

Палтото што совршено ќе се вклопи во оваа елегантна деловна комбинација, е овој сив модел изработен од микро-пепито со украсен детаљ во делот кај закопчувањето и неконвенционална јака.

Во оние денови кога сакате да бидете вистинска тренди дама со впечатлив стајлинг, кошулата комбинирајте ја со ова раскошно палто и здолниште од брокат во кралско сина боја.

Палто 6.200 ден. Здолниште 2.600 ден. Палто 6.200 ден.
Здолниште 2.600 ден.

Палтото има класичен крој со нагласен дизајнерски израз кај јаката, додека пак здолништето е со должина до над колената и елегантен мини- шлиц на левата страна.

За комплетен имиџ на успешната жена...

 

 

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Тренд