Блејзер-фустаните се совршената граница помеѓу деловното и заводливото на која никоја жена не останува рамнодушна

26 октомври 2022

Во раните 2000ти години, комбинацијата на долг блејзер и кратко здолниште беше вистински стилски хит, но во последно време сме сведоци на еволуција на овој изглед. Впрочем, комбинацијата се ослободи од здолништето и се трансформираше во краток фустан, односно блејзер-фустан кој денес претставува неодолив тренд.

Фото: Pinterest

Хибридниот стил ја позајмува својата форма од класичната горна облека и е стилско парче што одлично прилега на жени кои не сакаат да трошат многу напор и време барајќи облека за различни прилики, сакаат да изгледаат сериозно и средено, но и привлечно во исто време.

Фото: Pinterest

„Блејзер-фустанот вешто ја спојува острината со сензуалноста на модерен и необичен начин." - вели Андреа Либерман, основачот на A.L.C. Целта на брендот, вели таа, е повторно да ги претстави најважните работи во гардеробата преку „објективите на моќта и самодовербата". И навистина, најдобри блејзер-фустани се оние кои се истовремено остри и сериозно секси.

Фото: Pinterest

Според Либерман, блејзер-фустанот би можел да се искомбинира со свилено миди здолниште или класични панталони за да добиете совршена деловна комбинација, додека пак за вечерни излегувања, доволно е да го носите со високи потпетици и впечатлива чанта за неодоливо секси изглед.

Доколку ви недотига инспирација за тоа како да го носите вашиот блејзер-фустан, разгледајте ја нашата галерија со предлози.

Фото: Pinterest

Објавено:
26 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.460 пати