Блеснете со стил - Светкавите модни парчиња ќе доминираат оваа сезона

22 ноември 2022

Зимата е пред нас, а со секоја нова сезона се подразбира доаѓање и на нови трендови. Оваа зима акцентот е ставен на боите, дезените и автентичните комбинации, па затоа е вистинско време да си поиграте со модата на вистински начин.

За да изгледате стилски во секое време, потребно е паметно инвестирање во специфични модни детали со кои ќе се постигне ефективна разлика. Како и секоја зима, така и оваа сезона ќе ве пречекаат голем број настани за кои ќе сакате да изгледате убаво и дотерано, па затоа инвестирајте во парчиња кои ќе ве издвојат од толпата.

Фото: Pinterest

По долга ера на минимализам и едноставни аутфити, оваа есен навестување почеток на ново време карактеризирано со разиграна облека, а особено би ги истакнале блескавите парчиња кои се најголем хит.

Фото: Pinterest

Светкавите парчиња имаа периоди на се поголема и помала популарност, а оваа зима можеме да кажеме дека ќе го достигнат својот врв, па не е ни чудно што гледаме дека доминираат во локалните бутици, како и на излозите на продавниците за висока мода.

Фото: Pinterest

Без разлика дали се работи за блејзери, фустани, мини здолништа или костуми, сите овие парчиња можете да ги најдете во блескаво издание. Кога зборуваме за боите, доминира црната боја, но присутни се и сината, розовата и сребрената боја. Посебно ни се допаѓаат светкавите здолништа кои можеме да ги замислиме во комбинација со бела предимензионирана кошула.

Фото: Pinterest

Сјајниот блејзер е совршен додаток кој можете да го комбинирате со црни панталони и маичка за да создадете едноставна, гламурозна комбинација. Што и да одберете, нема да погрешите бидејќи овие парчиња ќе ја освежат вашата гардероба на вистински начин.

Фото: Pinterest

Подолу ги издвојуваме неколку впечатливи и инспиративни светкави комбинации за оваа сезона.

Фото: Pinterest

Објавено:
22 ноември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
806 пати