Блогерката Ангела Ѓоргиева во егзотичен кимоно фустан од Елена Лука

12 септември 2019

Иако сме при крај со летната сезона, останаа уште малку топли денови кога можеме да блеснеме во впечатливи фустани кои се како создадени за овој преоден период.

Токму во таков фустан во кој вреди да се инвестира секоја сезона се појави и познатата македонска блогерка Ангела Ѓоргиева, а истиот го потпишува луксузната модна куќа Елена Лука.

Станува збор за егзотичен кимоно – фустан во магична сина нијанса со флорален принт. 

Изработен е од висококвалитетна свила со бели ленти во пределот на јаката и бел ремен кој можете да го врзете на различни начини, а е дел од новата Basic линија на брендот во која ќе најдете неверојатен избор на стилски парчиња.

Фустанот е на преклоп, па со самото тоа добивате отвор на едната нога кој иако суптилен, изгледа неодоливо и сексапилно.

Она што е посебно кај ова ултра впечатливо парче што секоја дама треба да го има во својот плакар е тоа што можете да го носите и како наметка под која ќе одбрете стилска комбинација соодветна за истото.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onSep 12, 2019 at 1:40am PDT

Кимоно – фустанот од модната куќа Елена Лука е совршен избор за секоја пригода, без разлика дали станува збор за некоја свеченост, забава или пак настан на кој сакате да се издвоите од толпата.

Модната блогерка Ангела кимоно – фустанот го комбинираше со стилски сандали на висока потпетица во бела нијанса и впечатливи златни обетки, додека шминката беше нежна со нагласен син ајланер што ѝ прилегаше одлично.

Доколку овој месец имате свечени пригоди пред вас, тогаш ова луксузно парче од модната куќа Елена Лука е совршен избор за да блеснете во секој миг.

Кимоно - фустанот и многу други парчиња можете да најдете во ателјето на брендот во Капиштец и на онлајн продавницата на следниов линк

Објавено:
12 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.962 пати