Блогерката Ангела Ѓоргиева во романтична комбинација во пудрести тонови од Елена Лука

21 октомври 2019

За девојките што преферираат романтичен стил, имаме одличен есенски предлог.

Блогерката Ангела Ѓоргиева носи елегантна романтична комбинација од актуелната есенска линија на етаблираната модна куќа Елена Лука, што е идеален избор за романтичарките.

Аутфитот содржи женствен фустан во повеќе слоеви од тул во нежни розови нијанси, рачно навезен со суптилни детали што ја надополнуваат неговата грациозност.

Фустанот е комбиниран со палто исто така во пудреста нијанса, со можност за врзување околу струкот, што како целина функционира идеално.

Оваа комбинација Ангела ја надополнува со елегантни сандали на висока потпетица и со мала чанта со кратка рачка, од богатата понуда модни додатоци на Елена Лука.

Сите парчиња може да ги најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

 

Објавено:
21 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.724 пати