Блокови од џинс како тренд за претстојната есен

8 август 2014

Тексасните парчиња отсекогаш уживале статус на безвременски и универзално обожавани. Крпениците од џинс не се воопшто некоја новина, но комерцијалните брендови секоја сезона се трудат да понудат некоја старо-нова џинс алтернатива. Па така и оваа есен од полиците на вашите омилени етикети очекувајте фармерки, палта, кошули изработени во крпена техника.

Ако мината година пласираа такви од исти тексасни нијанси, за оваа есен актуелни ќе бидат оние парчиња во споени џинс и принт блокови. Ваквиот тренд сигурно нема да им се допадне на сите, но веруваме дека повеќето ќе применат некои од  крпените тексасни парчиња  во есенското секојдневие.

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Тренд