Првиот снег падна, а екстремно ниски температури се најавуваат и за следниот период, па доколку размислувате да набавите нова „зимска опрема" тогаш ви препорачуваме топли и тренди бунди изработени од еко крзно.

Добрата страна на одлуката токму сега да купите бунда е тоа што во продавниците на повеќето брендови сега се актуелни празничните попусти, па голема е веројатноста да најдете бунди со одлични цени.

Особено актуелни се оние со прелив на бои, колорни комбинации на интензивни нијанси, како и бундите со пачворк варијанти.

Доколку сакате да си набавите бунда со потпис на домашен дизајнер, тогаш може да ја разгледате понудата на Елена Лука која во последната линија на бунди и капути понуди голем избор како во однос на комбинацијата на бои и дезени, така и во однос на должината и формите.

Објавено:
4 јануари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.476 пати