Чанта и чевли од Liu Jo за колоритна пролет

31 март 2017

Обојте ја оваа пролет во најубавите нијанси што можете да си ги замислите со фантастичните модни додатоци од омилените Liu Jo.

Бидете вистинска дама со овие жолти сандали на потпетица кои се совршени за секоја пригода, особено доколку носите елегантни комбинации на работа.

Истите се навистина впечатливи, изработени се од висококвалитетна кожа која ќе ви овозможи слобода во движењето секој ден, а бојата ги прави дополнително привлечни.

Доколку веднаш размислувате на тоа со што можете да ги комбинирате, како предлог ја имаме оваа шик чантичка во слична нијанса од Liu Jo која совршено одговара со чевлите.

Чантата е доволно голема за да може да ви собере сѐ, a истовремено навистина елегантна за да може да ја носите и за излегување или вечера со пријателите.

Иако се во впечатлива жолта боја, воопшто не двоумете се да ги носите со вашите омилени шик фустанчиња во разни бои, бидејќи тие дополнително ќе ви ја разубават комбинацијата.

Носете ги и со лежерна пролетна кошулка и фармерки, но и со елегантни женски костими со кои обожавате да одите на работа.

Тие се совршени и за топлите денови од летото, па така можете да ги носите во секое време и да се чувствувате навистина убаво и женствено.

Уживајте во топлите денови што се пред нас со оваа стилска комбинација на чанта и чевли што знаеме дека ќе ги обожавате. 

Објавено:
31 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
694 пати