Елегантни парчиња облека во бела боја се инвестиција која секогаш ќе ви се исплати, затоа што за нив не постои сезона или тенденција – едноставно се комбинираат во сечиј стил независно од трендовите.
Затоа наместо импулсивно да купувате повеќе парчиња облека кои ќе ги облечете едвај неколку пати, вложете во квалитетно парче изработено од природни материјали. Ако на сето тоа додадете бела боја, добивате класика за која не постојат временски, сезонски или трендовски огранчувања.
Целосно белите комбинации оставаат впечаток на безрезервна елеганција, отменост и безвременост.
Ретроспективата на модните тенденции низ годините, секогаш ваквите комбнации ги забележува како непроменлива константа, која едиствено трпи трансформации во поглед на деталите, како на пример модните додатоци кои ја надополнуваат.
Оваа сезона вашиот целосно бел аутфит може да го освежите со минималистички накит во сребрена или златна варијанта, со плетени детали или со чевли во интензивни бои.
Неколку инспиративни примери во галеријата во продолжение.
Фото: Пинтерест