Читањето книги никогаш не излегува од мода: револуционерни модни четива

12 јуни 2013

Кога модата е во прашање, постојат бројни инспиративни приказни. Од Коко Шанел до Келвин Клајн, тоа е свет каде убавината, интригата и парите биле централна тема околу која ротираат светски познатите ликови од модните кругови. Меѓутоа, во секое правило постојат исклучоци, па така и не сите стории од модниот свет се идилични. Во продолжение следуваат четири фантастични примероци од модната литература:

 

1.”Мемоари”  од Грејс Годингтон

Грејс Годингтон, креативниот директор на американскиот Вог и десна рака на Ана Винтор е едно од најпочитуваните имиња во модната индустрија. Со нејзините едиторијали во матичниот моден магазин таа ги диктира светските модни трендови во последните три децении. Во “Мемоари”, Грејс хронолошки ги има проследено најинтересните моменти од нејзиниот престој во Лондон во време кога модната сцена доживуваше експанзија.

Омилен цитат: “Ако ме прашувате мене, франција отсекогаш била суперирорна кога зборуваме за градењето на стилот. Англиската мода е кул, но не доволни шик како француската”.

 

2. “Кралица на модата: Што носеше Марија Антоанета за време на Револуцијата” од Каролина Вебер

Животот и имиџот на Марија Антоанета бил неисцрпна инспитација за бројни книги, театарски претстави, филмови и воопшто за уметноста. Во “Кралица на модата”, авторката Каролина Вебер пренесува свое видување за тоа како млада принцеза извршила влијание преку својот изглед . Додека била на тронот, Марија Антоанета направила радикални промени. Со  богатото крзно како незаменлив детал од нејзиниот имиџ и гламурозните фризури, таа стана симбол на екстраваганцијата во француската монархија. Авторката нагласува како принцезата ја искористила модата за да се наметне себе си како препознатлива јавна личност. Оваа книга е вистинска уметност која ја поврзува модата со една од најзначајните женски историски личности.

 

3. “Александар Меквин: Животот и наследството” од Џудит Ват

Низ рафтовите во светските книжарници постојат многу книги напишани за импресивниот Александар Меквин, меѓутоа ова е најсеопфатното дело преку кое е пресликан неговиот живот од различни аспекти. Неговата пријателка и моден историчар, воедно и автор на оваа книга-Џудит Ват ја раскажува нејзината верзија за животот на Меквин и дава интимен поглед на на приватниот свет на една од најзначајните британски фигури во модната индустрија. Таа го документира неговото детство во источен Лондон и градењето на неговата модна империја, се до неговото трагично самоубиство во 2010 година.

 

4. “Д.В” од Дијана Вриланд

Како некогашен главен уредник на американскиот Вог, Дијана Вриланд била една од највлијателните фигури во модата на минатиот век. Книгата од 1984 година е хроника на нејзиното детство во Париз, периодот на нејзина  адолесценција во Англија и нејзината уредничка кариера во Њујорк. Ова е книга во која модата е раскажана на интелегентен начин со доза на хумор и токму поради тоа може да Ви стане омилено четиво дури ако не сте страстен следбеник на модата.

 

 

 

 

 

Објавено:
12 јуни 2013
Категорија: 
Тренд