Чизми до колена: Летниот тренд во уличната мода што ги изненади сите

27 јули 2022

Кој би помислил дека некој радо би одбрал да носи чизми за време на жешките летни денови наспроти отворени и лесни сандали, особено во метрополи каде метежот го отежнува движењето. Но она што го гледаме на фотографиите на Фил О ( фотограф на Vogue) е доказ дека љубителите на модата во Њујорк се вљубени во овој нов тренд популаризиран за време на неодамнешните ревии за машка облека и мода.

Фото: Phil Oh | Vogue

Моменталната улична мода во Големото Јаболко вклучува каубојски чизми, но и чизми до колена со шилести врвови и потпетици со потпис на дизајнери како Balenciaga. Овој тренд најчесто вклучува комбинации со модни парчиња од тексас, или пак неочекуван микс со спротиставениот спортски стил. Но секако, ниту еден друг стил не е икслучен од можноста да биде ускладен со чизмите до колена, дозолувајќи му на секој човек да го изрази својот индивидуален моден сензибилитет.

Ова се неколку примери низ објективот на Фил О кои можеби ќе ве инспирираат да го прифатите овој нов тренд, па наскоро ќе стане дел и од уличната мода во нашата земја.

Објавено:
27 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
208 пати