Чизмите на платформа се неодоливиот тренд кој се враќа оваа сезона

22 ноември 2022

Во текот на секоја сезона од оваа година бевме сведоци на пристигнување на нови трендови, како и носталгично враќање на ретро естетиката. Широкоградо го пречекавме враќањето на сомотот, сатенот и трендовите кои доминирале во 90-тите, а оваа сезона ни се враѓаат и популарните чизми на платформи.

Иако чизмите на платформа сеобувки за кои секој има свое мислење, не може да се одрече дека можат да бидат и неверојатно удобно и гламурозно зимско парче.

Фото: Pinterest

Минатата година се истакнаа многу модели на чизми со платформи, но најпопуларни беа оние на Bottega Veneta со платформа во разни бои. Чизмите на платформа беа популарни во 1990-тите, особено меѓу популарните женски бендови од тоа време, а куќите на висока мода објавија свои верзии.

Овој стил на чизми може да се носи за дневни и вечерни пригоди, а особено убаво ќе се вклопат за гламурозен вечерен изглед.

Фото: Pinterest

Со оглед на тоа дека се стабилни и удобни без разлика на големината на потпетицата, тие се идеален избор доколку имате некој настан или состанок во текот на денот и сакате да се дотерате. Која боја ќе ја изберете зависи од вас, но црната е класика со која не можете да погрешите.

Доколку сакате малку поразиграна комбинација, можете да изберете платформи во боја и да составите интересни комбинации. Овие чизми се одлични и за дождливи денови и во оваа смисла можете да ги комбинирате со кабаница.

Фото: Pinterest

Што и да одберете, нема да погрешите, а подолу издвојуваме неколку инспиративни начини на кои можете да ги вклопите во вашите секојдневни изгледи.

 

Објавено:
22 ноември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.142 пати