Чизмите на платформа се неодоливиот тренд кој се враќа со полна пареа

5 август 2022

Чизмите на високи платформи кои ги обележаа 70-тите и 90-тите години на минатиот век, преку панк естетиката која ја наметна Вивиен Вествуд и препознатливиот имиџ на огромните музички ѕвезди како Kiss, ABBA, Елтон Џон и Spice Girls, се чини дека се враќаат на модната сцена со полна пареа.

Без разлика на дизајнот и бојата во која ќе ги видите, црни, пастелни, електрично зелени или неонско розови, лаковани, кожни или платнени, чизмите на платформи ги освојуваат срцата на љубителите на модата.

Најскорешните модни примери се вројува и најновата кампања на Валентино со актерката Зендаја, комплетно облечена во PPPink - шокантната розова боја на Пјерпаоло Пичоли, каде таа носи впечатливи чизми на висока платформа.

Фото: Vogue

Секако, Зендаја не е едниствен познат пример каде ги гледаме овие чизми. Кјара Ферањи неодамна се појави во целосно црна верзија на чизми со платформа со потпис од Saint Laurent, кои може да се комбинираат со секаква облека. Хејли Бибер, исто така се појави со црни чизми на платформи, но нејзиниот модел до колена беше комбиниран со розев сатенски фустан, додека пак Кортни Кардашијан го искомбинира нејзиниот пар чизми со фустан-блејзер.

Фото: Chiara Ferragni | Getty

Чизмите на платформата исто така најдоа место меѓу најновите модни ревии и колекции. Брендот Ambush во колекцијата Resort 2023 се претстави со верзија на овие чизми кои одат над колената. Деталите како големиот број отвори и ремени, пак потсетуваат на онаа суптилна панк естетика која никогаш не излегла од мода.

Фото: Vogue | Marine Serre spring summer 2023

Во колекцијата пролет/лето 2023 година на Marine Serre пак, чизмите на платформа се појавија во кадифено издание, со благо влијание на стилот од 70-тите.

Но, чизмата на платформа, како што нè потсетуваат ѕвездите од минатото, е совршено родово-неутрално и безвременско модно парче, па затоа се појавува и во EGONlab, во колекцијата за пролет/лето 2023 година, како и во колекциите на Рик Овенс.

Фото: Vogue | EGONlab spring summer 2023 Фото: Vogue | Rick Owens spring summer 2023

Објавено:
5 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
183 пати