На многу жени чизмите им се еден од омилените модни додатоци кога е сезоната есен-зима во прашање. Што се однесува до претстојната, ако имате добри и квалитетни чизми опд претходната, тогаш нема потреба да инвестирате во други, бидејќи трендовите се речиси исти.
Луј Витон, есен 2017, фото извор: Vogue.com
Конкретно во овој случај, зборуваме за високите чизми. Рамните чизми до или над колена ќе се апсолутен хит и оваа есен-зима и тоа оние еднобојните, најчесто изработени од велур.
Штом имате рамни, тогаш логично е да имате макар и едни на висока потпетица, без разлика дали сакате или не сакате да ги носите.
Во овој случај, изборот е малку поголем. Од класични, еднобојни, како што се и рамните само на потпетица, до оние со везени детали, речиси сè доаѓа предвид – велур, кожа, крзно, украсни детали, токи, везеници...
фото извор: Vogue.com
Интересно е што „шпицот“ сè уште се држи високо на модната сцена, па така модните стручњаци сè повеќе типуваат на такви модели. Секако, се работи за блага форма на шпиц, во кобминација и со тенка и со дебела потпетица – и двете варијанти се добредојдени.
Есенва ќе носиме и чизми со принт, велат модните инсајдери. Пепито дезенот и неговите варијации ќе биде еден од најпопуларните.
фото извор: closetfulofclothes.com
Во продолжение ќе погледнете какви сè чизми ќе доминираат на светската модна сцена. Ние пак овде, ќе мора да се приспособиме на понудата што ќе ја добиеме и да пробаме да се вклопиме онолку колку што можеме или ни е пружено.
Алтузара; фото извор: Harpersbazaar.com
Алтузара; фото извор: Harpersbazaar.com
Баленсијага; фото извор: Harpersbazaar.com
Џанвито Роси; фото извор: Harpersbazaar.com
Џузепе Заноти; фото извор: Harpersbazaar.com
Исабел Марант; фото извор: Harpersbazaar.com
Џими Чу; фото извор: Harpersbazaar.com
Off White; фото извор: Harpersbazaar.com
Сен Лоран; фото извор: Harpersbazaar.com
Сканлан Теодор; фото извор: Harpersbazaar.com
Стјуар Вајцман; фото извор: Harpersbazaar.com
Veterments; фото извор: Harpersbazaar.com
Шутц; фото извор: Harpersbazaar.com