Co-ords сетови: Најпрактичниот моден тренд во моментов

5 мај 2021

Пандемијата ни наложи да ја ставиме удобноста на пиедестал. Така, високите потпетици ги заменивме со патики, па дури и влечки. А сета вечерна гардеробa, како коктел фустани и елегантни комбинезони и тоалети, останаа во темнината на гардероберот, чекајќи некои поубави времиња.

Тогаш се појавија co-ord сетовите. Станува збор за огромен тренд кој го вметнаа познатите ѕвезди и кој и денес котира високо меѓу трендовите за пролет/лето 2021. 

Co-ords е кратенка од coordinates, а претставува координиран комплет од горен дел (блуза, дуксер, топ, џемпер) и долен дел (панталони, здолниште) изработени од истиот материјал. 

Во елегантен контекст, кога не знаете што да облечете, посегнувате по малиот црн фустан. Во секојдневен контекст, посегнувате по co-ord сет. Најубавиот и најпрактичен момент кај овие сетови е едноставноста и компактноста во изгледот и заштедата на време - го облекувате сетот и готови сте!

Следејќи ги и креирајќи ги трендовите, домашниот моден бренд Елена Лука има одличен избор co-ord сетови соодветни за секоја пригода.

Фустанче на пруги и кардиган или широки плетени блуза и панталони се совршените сетови за секојдневните обврски - шопинг, прошетка или едноставно да се чувствувате и да изгледате убаво по дома. 

Бел сет 1.960 денариСет на пруги 1.610 денари

Канцеларискиот дрес-код бара посебно внимание и елеганција, па токму затоа овие сетови од блејзер и панталони се совршен избор за на работа. 

Одело 3.350 денариОдело 4.850 денари

Здолништата со блејзери се резервирани за пролет, па одлучете се за најголемиот тренд моментално - комплет од бохо тантела или ексклузивен, поелегантен сет со златни детали за вечерни излегувања и специјални пригоди. 

Бохо сет 2.760 денариЗлатен сет 7.650 денари

За крај, спортските варијанти во изобилие ќе го направат вашиот активен живот уште помодерен - еднобојни, со tie-dyе или друг интересен принт, со colorblock (комбинација од розово и портокалово). 

Сет со принт 1.190 денариTie-dye сет 1.960 денариРозово- портокалов сет 1.960 денари

Изберете го вистинскиот Елена Лука co-ord сет и олеснете си го секојдневието во овие чудни времиња, барем кога е облекувањето во прашање.

Објавено:
5 мај 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.964 пати