Црна + беж – најпопуларната комбинација на бои во актуелната улична мода

24 ноември 2021

Комбинацијата на бои има важен удел во севкупниот впечаток. Понекогаш, неусогласената колор карта го „расипува" финишот и затоа не би требало да ја игнорираме улогата на боите во дефинирањето на изгледот.

Ако некој спој на бои може да го посочиме како сигурна варијанта, особено во овој период од годината, тогаш тоа е комбинацијата на црна и беж.

Резултатот секогаш е елегантен и префинет изглед, па затоа овој спој често се применува.

Особено популарен е во уличната мода оваа сезона и доаѓа заедно со трендот на опуштени, лежерни и предимензионирани кроеви.

Оваа комбинација на бои ќе ја сретнете заедно со панталоните и здолништата со висок струк, стилизирани со плетена ролка или џемпер со мантил и милитари чизми. Исто така е застапена кај дезените и принтовите аплицирани на плетенините, блузоните и модните додатоци.

Како овој спој изгледа практично, ѕирнете во фото галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
24 ноември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
10.361 пати