Црна ролка - безвременско парче облека што може да се комбинира со се
•
22 декември 2022
Нејзиното величество црната ролка заслужува вистинско внимание. Тоа безвременско парче облека е дел од речиси сечиј гардеробер. Можеме да го вклучиме во секоја модна комбинација, од миди, плисирани здолништа до фармерки, памучни панталони и блејзери.
Кога е црната ролка во прашање, не се потребни други детали, таа сама по себе остава доволен печат на секој аутфит. Одговара со поформално, работно издание, но одлично се согласува и со покежуал варијанти.
Еве неколку идеи за комбинирање на безвременската црна ролка.
Фото:Pinterest