Црната е новата бела? Префинетоста на црната кошула ја прави совршен избор за секоја комбинација

22 септември 2022

Белата кошула отсекогаш важела за првиот избор при градењето на класични и елегантни изгледи, особено кога станува збор за формални пригоди, бизнис состаноци или канцелариски опкружувања. И наверојатно ќе остане на врвот на приоритетите во тие случаи.

Сепак, добро е да се има некаква алтернатива, зарем не?

Кошулите во боја, иако можат да бидат инкорпорирани во формални аутфити, сепак во себе содржат одредена лежерна и разиграна нота која не секогаш соодветствува на пригодата.

Но, доколку никаде не постои пропишан дрес код кој укажува на тоа дека мора да носите бела кошула, а сепак сакате да го задржите оној елегантен и префинет минимализам за формални пригоди, тогаш црната е вистинската и најдостојна замена.

Фото: Pinterest

За разлика од нежната чистина на белата кошула, црната му додава одредена смелост на изгледот. Без разлика на тоа дали ќе се одлучите да ја искомбинирате со фармерки, класични пантолони, со блејзер, сако, палто, џемпери или пак здолниште, црната кошула несомнено е онаа потребна нота на класика која ќе ја потенцира префинетоста на целосниот изглед.

Фото: Pinterest

Црните кошули се достапни во безброј различни кроеви, должини и материјали, па со оглед на тоа што изборот е навистина голем, можностите се исто така бројни.

Фото: Pinterest

Во прилог ви нудиме неколку инспиративни примери за тоа како да ја искомбинирате црната кошула во вашите есенски комбинации. 

Фото: Pinterest

Објавено:
22 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.551 пати