Црни комбинации во лето? ДА

21 јуни 2022

Ако одберете пријатни и природни материјали, целосно црните комбинации во лето воопшто нема да ви звучат како лоша идеја.

Во сезона кога доминираат вибрантни и експлозивни бои и тонови, ако вие сте личноста која обожува да носи црно, секако дека може да си останете доследни на својот избор, а притоа да постигнете и атрактивен и пријатен изглед.

Црно значи безвременост, елеганција, класика, константа низ динамичните модни трансформации. Бирајте ленени или памучни парчиња, комбинирајте со накит, сламен шешир, масивни очила за сонце, лесни отворени сандали – така ќе добиете удобно спакувана елеганција.

А особено за вечерен летен изглед, црно е непогрешен избор. Во сведена или во посвечена варијанта, црно од глава до петици на летни настани, забави или свечености значи дека сте направиле сигурен, но шик избор.

Црно во форма на женствен фустан со карнери, дводелно ленено одело или бермуди со краток топ. Ако сте фан на црно, има што да бирате – секогаш.

Фото: Пинтерест

Објавено:
21 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.184 пати