Црни панталони во забавни летни комбинации

27 јули 2022

Беа есенција на стилската униформа на Одри Хепберн. Коко Шанел од нив направи култно парче. А нивното присуство низ променливите модни сезони, никогаш не било доведено во прашање.

Црните панталони исто како и џинсот, се бесмртни. Нивниот дизајн можеби се модифицира под налет на актуелните тенденции, сведочиме на различни дизајнерски интерпретации низ годините, но секогаш се тука – во нашиот плакар.

И ако првата помисла ви е – страв од досаден или монотон изглед, дозволете ни да ве убедиме дека таквиот страв е без основа.

Особено ако сте вљубеници во минимализмот, црните панталони веројатно се ваше секојдневие. Но, ако барате начини како да го освежите нивното присуство во вашиот стил, ќе ве мотивираме:

Сте пробале ли во летните денови да ги комбинирате со влечки, краток топ или предимензионирана бела кошула?

Свечените пригоди пак се посебно инспиративни кога темата се црни панталони. Беспрекорната елеганција е совршена основа која може да ја надоградите со впечатлив асиметричен топ или корсет со предимензионирана панделка.

За во канцеларија се безмалку униформа, но како да го избегнете рутинскиот изглед? Потсетете се дека магијата е во деталите. Суптилен накит, марама со впечатлив дезен и добри чевли, ќе дадат акцент на вашиот персонален стил.

Доза инспирација следува во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
27 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
627 пати