Црно-бели комбинации за викендот што следува...

25 јануари 2019

Во секоја ситуација, кога немате простор да експериментирате или едноставно околностите налагаат сигурна варијанта во однос на изгледот – тогаш црно-белите комбинации се секогаш вистински избор.

Ваквиот спој секогаш дозволува детали преку кои ќе ја нагласите својата индивидуалност и карактер – па може да ги споите со впечатлив накит, чевли со интересен дезен или неконвенционален избор на чанта.

За викендот што е пред нас, независно каде и како планирате да го поминете, ви предлагаме избор на црно-бели комбинации инспирирани од уличната мода.

Фото: Пинтерест

Објавено:
25 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.340 пати