Црно-бели викенд комбинации
•
22 ноември 2019
Пред нас е викенд, а ние со задоволство ќе ви помогнеме да ви биде и повеќе од пријатно во своја кожа, со тоа што ќе ви посочиме неколку стилски викенд комбинации во црно-бела варијанта.
Спојот на црна и бела важи за безвременски, авангарден, а истовремено елегантен и прилагодлив на сечиј имиџ.
Затоа сме убедени дека ќе се пронајдете во изборот што го издвоивме, а се однесува на трендовски аутфити, дел за дневни, дел за вечерни излегувања.
Некои од нив се со универзална нота, па може да им најдете и поширока примена.
Задолжително вклучивме панталон и здолништа со висок струк, кошули, блузи со волумензони ракави, фустани со асиметричен крој, како и кожени палта и мантили.
Имате свој фаворит?
Фото: Пинтерест