Црно и бело во деловни комбинации

18 август 2015

Иако често советуваме да внесете боја во вашиот деловен имиџ и да бидете храбри, а балансирани во изборот на деловни парчиња, сепак некои жени размислуваат едноставно и минималистички.

Тоа се деловни дами кои најчесто комбинираат до две бои во својот стил, а кроевите со едноставен дизајн им се приоритет.

Ако и Вие не може да се пронајдете во играта на бои, тогаш црно-белите деловни комбинации се незаменлива класика.

Мајка Џанели, модна блогерка

Меѓутоа, тоа не значи дека црно-белите комбинации ја исклучуваат стилската креативност. Напротив, со комбинацијата на детали, форми и материјали, ќе постигнете автентичен изглед.

Белата кошула, црното „молив" здолниште, салонките со принт, класичните панталони се есенцијалните парчиња во деловниот имиџ, со кои пак може да се варира во различни изгледи.

Модната блогерка, Мајка Џанели е одличен пример што може да ги инспирира современите деловни жени кои ги обожаваат минималистичките комбинации.

За жените кои не можат на себе да замислат изразито жолта и портокалова или моќна црвена или зелена, во продолжение им предлагаме неколку црно-бели варијанти.

Објавено:
18 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.046 пати