Црно класично одело на 20 начини

4 февруари 2019

Предодредено да биде безвременско, мултифункционално, а истовремено беспрекорно елегантно, црното класично одело ужива култен статус во модниот свет.

Речиси и не постои дизајнерска куќа која не продуцирала своја препознатлива верзија на познатата комбинација на сако и панталони, а сезонско ограничување и рамки од аспект на тенденции, не постојат.

Затоа црно одело носиме секоја сезона и во различни прилики. Секогаш е сигурен избор во деловниот свет, но исто така и уличната мода е зона каде црното одело добива нов и возбудлив лик, надограден со невообичаени детали или неконвенционална верзија на парчињата што го сочинуваат.

Издвоивме 20 различни изданија.

 

Објавено:
4 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.264 пати
Тагови: 
одело тренд